Елмас се врати во Неапол, повторно е среќен! (ВИДЕО)

by riste
1 минути читање

Македонскиот фудбалски репрезентативец, Елиф Елмас доцна синоќа пристигна во Неапол каде што денеска треба да го комплетира враќањето во Наполи.

Елмас се врати таму каде што му е најубаво, во Италија и тоа во Наполи со кој го освои Скудетото и помина фантастичен период. Македонскиот фудбалер не се снајде во Лајпциг, па враќањето во Неапол е големо олеснување за него.

По година ипол Елмас се враќа таму каде што беше среќен, а изразот на лицето кажува многу.

Тој денеска треба да ги мине медицинските тестови и да стави потпис на договорот со Наполи. Тоа ќе биде едногодишна позајмица со опција за откуп.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×