Елмас пристигна во Рим на лекарски прегледи со Наполи (ФОТО)

by
0 минути читање

Македонецот е
пред трансфер во редовите на „наполитанците“ откако синоќа Фенербахче официјално потврди дека
е постигнат договор за преселба на играчот на Сан Паоло.

Елиф Елмас утрово
пристигна во Рим и веднаш се упати во клиниката Вила Стуарт. Тој сега треба да
ги помине редовните лекарски прегледи и да ги комплетира сите формалности.

Се очекува во следните часови да пристигне и соопштението на Наполи, а Македонецот од Рим ќе
треба да се упати во Вал ди Соле, односно тренинг кампот на Наполи и
да се сретне со новите соиграчи и тренерот Карло Анчелоти.


Можно е и ова да ти се допаѓа

×