69
17-годишниот Елиф Елмас пристигна во Истанбул каде наскоро ќе го комплетира трансферот во Фенербахче.
Елмас како голема ѕвезда беше пречекан од турските медиуми кои веднаш бараа изјава од него.
Welcome to Fenerbahçe, Elif Elmas! pic.twitter.com/WTeBTvye97
— Fener Int (@fenerint) July 16, 2017
„Многу сум среќен и возбуден што ќе бидам во Фенербахче. Тоа ќе биде големо искуство за мене“ – напиша Елмас на својот твитер профил.
Македонскиот репрезентативец му се заблагодари и на својот поранешен клуб, Работнички.
„Благодарен сум за се што направивте за мене, сега запловувам во поинакво искуство“ – напиша Елмас.