1,2K
Макeдонскиот репрезентативец Елиф Елмас пристигна во Италија каде што денес треба да ја комплетира позајмицата во Торино.
Елмас во текот на денешниот ден ќе ги помине медицинските прегледи по што ќе го потпише договорот за позајмица.
Позајмицата од Лајпциг е со важност до крајот на сезоната, кога Торино ќе има можност да го откупи неговиот договор за 17 милиони евра.