Елмас три пати ја тресеше мрежата на Облак, првиот гол му беше поништен, но следните два и донесоа на Македонија голема победа над Словенија.
„Дијамантот“ е среќен поради головите, но вели дека победата е најважна.
„Среќни сме што победивме една добра селекција како Словенија, не се важни моите голови, важни се победите на Македонија. Сакам да му се заблагодарам и на селекторот кој многу верува во нас и ни го покажа патот како да ја победиме Словенија. Среќни сме поради овој триумф, но веќе размислуваме на Полска“, вели Елиф Елмас.
„Прекрасно е чувството целиот стадион кога ќе го скандира твоето име, тоа ми било сон од најмал, но тоа не е важно, важно што за прв пат после долго време дојдоа толку навивачи на трибините, важно е што им вративме со победа. Се надевам дека така ќе продолжиме, сега имаме отворен пат кон Европското првенство, се зависи од нас. Ќе одиме во Полска на победа“.