Елиф Елмас синоќа доби шанса во стартниот состав на Наполи против Марсеј и максимално ја искористи.
Му требаа само 45 минути за да ги освои фановите на Наполи кои беа импресионирани од неговото издание, а македонскиот играч е главен и во италијанските медиуми.
Неговото име е речиси во сите наслови кои известија за пријателскиот меч на Наполи. Играта на Елмас е главната вест во извештаите.
Сите го потенцираат персоналитетот кој го покажа нашиот фудбалер кој иако има само 19 години на теренот делува како еден од најискусните фудбалери во тимот. Самодовербата со која игра уште на стартот од кариерата во Наполи е неверојатна.
Тој се најде и на насловната страна на еден од главните спортски весници во Италија, „Кориере дело Спорт“.
