Италијанските медиуми најавија потенцијален кам-бек на Ељиф Елмас во Серија А.
Според најавите, македонскиот репрезентативец е на радарот на Лацио кој се натпреварува во Лигата на Европа. Елмас добро го познава италијанскиот фудбал, веќе настапуваше за екипата на Наполи, а и тој самиот е добро познат во јавноста.
Во моментов македонскиот играч за врска е дел од РБ Лајпциг, ама нема доволна минутажа и не е во плановите. Елмас во јануари минатата година пристигна во бундеслигашот за 24 милиони евра. Сепак, веќе некое време се зборува дека тој е на излезните врати на клубот.
Италијанците открија дека Лацио е подготвен да го доведе во своите редови уште во јануари, меѓутоа постои еден проблем. Тоа е фактот дека Лацио веќе има полн ростер на сениорски фудбалери и ќе мора да ослободи место ако сака да го доведе Елмас. Доколу пристигне во овој римски тим, Ељиф Елмас би можел да продолжи по стапките на Горан Пандев кој блескаше во овој тим.