1,8K
Ељиф Елмас по доаѓањето во Торино за само три натпревари успеа да ги натера челниците на клубот да размислуваат за откуп.
Според „Тутоспорт“, тимот од Торино веќе работи на трансферот на Елмас од Лајпциг. Според договорот „биковите“ смеат да го откупат за 17 милиони евра, ама ќе се обидат да се изборат за мал попуст.
Од доаѓањето во Торино македонскиот репрезентативец одигра три меча и постигна два погодоци. Со добрите партии веднаш го натера тимот да го откупи, aма треба да најдат заеднички јазик со Германците.
Ељиф Елмас наводно е презадоволен во Италија и неговата желба да остане може да биде пресудна.