Елмас одигра едно полувреме на пријателски меч за Лајпциг

by riste
1 минути читање

Додека чека да се реши неговата иднина, Елиф Елмас почна да игра на пријателските натпревари за германскиот клуб Лајпциг.

Лајпциг загуби од Аталанта со 2-1 со два гола примени во самиот финиш од натпреварот.

Германците водеа со погодок на Опенда постигнат рано во мечот, а италијанскиот тим со голови на Скамака и Бернаскони во 86. и 90. минута дојдоа до победа.

Елмас во игра влезе на почетокот од второто полувреме кога тренерот на Лајпциг излезе со комплетно нова постава.

Очекувањата се дека Елмас ќе замине од Лајпциг ова лето. Последниот клуб со кој се поврзуваше беше Реал Сосиедад.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×