Елмас одигра едно полувреме, Барса го потопи Наполи за 15 минути (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Барселона и
Наполи го одиграа вториот пријателски натпревар во САД, утрово силите ги
одмерија во Мичиген. За разлика од првиот меч кој беше прилично неизвесен, „каталонците“
сега забележаа убедлива победа од 4-0.

Елиф Елмас одново беше стартер, но доби малку поинаква улога и поофанзивни
задачи. Со оглед на тоа дека неговиот тим не беше нешто посебно расположен за
надигрување и дозволи противникот да го контролира мечот, Македонецот не дојде
многу до израз.

Тој беше заменет
на паузата, и од клупата гледаше како Наполи доживува
потоп во второто полувреме. Само што започна продолжението од мечот, Суарез го отвори резултатот.

Во 56. минута
Гризман рутински реализираше за 2-0, а 120 секунди подоцна Суарез го постигна
својот втор гол откако убаво пласираше во аголот од врвот на шеснасетникот.

Конечниот
резултат го постигна Дембеле во 63. минута со прецизен шут по земја.


Можно е и ова да ти се допаѓа

×