Екипатa Верона успеа да остане непоразена и одигра 2-2 против Наполи во рамките од 19 . коло во Серија А.
Натпреварот не започна како што очекуваше фаворитот и Верона по 16 минути игра стигна до водство со голот на Фресе. Само десет минути подоцна гостите добија и пенал кој во гол го претвори Орман. Тоа беше и резултатот со кој се замина на паузата.
Наполи во вториот дел тргна офанзивно по израмнување и во 54. минута со голот на Мектоминеј намали на 2-1. Во 72. минута и Хојлунд ја погоди мрежата, но тој погодок беше поништен по реакција на ВАР поради игра со рака.
Наполи сепак дојде до израмнување кога Ди Лоренцо на асистенција на Марианучи во 82. минута стрелаше за 2-2.
Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас овој натпревар го стартуваше како офанзивен фудбалер на десната страна на местото на повредениот Нерес и на теренот беше до 63. минута кога токму асистентот за вториот гол, Марианучи влезе на негово место.