Наполи се врати на победничките патеки во Серија А, совладувајќи ја Фиорентина со 2-1 (1-0) во натпревар од 23. коло.
Актуелниот италијански шампион до триумфот стигна преку головите на Антонио Вергара и Мигел Гутиерез, кои прецизно ја затресоа мрежата во двете полувремиња. Фиорентина создаде мала неизвесност со погодокот на Израелецот Манор Соломон во 57. минута, но гостите не дозволија пресврт на стадионот „Диего Армандо Марадона“.
„Виолетовите“ продолжуваат со тешката битка за опстанок во елитата, додека Наполи со овој триумф се искачи на 46 бодови, еден помалку од Милан и шест зад лидерот Интер.
Во следното коло, тимот на Антонио Конте ќе гостува кај Џенова, додека Фиорентина ќе го пречека Торино.