Елмас одигра 90 минути на Сан Сиро, Бонавентура со проектил од 16 метри го откажа голот на Лозано (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Во дуел на два
тима кои се во резултатска криза, Милан и Наполи одиграа 1-1 на Сан Сиро.
Гостите го имаа поседот на топката, креираа и повеќе шанси, но на крајот мораа
да се задоволат со бод.

Резултатот беше
отворен во 24. минута, Инсиње ја погоди пречката, Лозано стигна прв до
одбиената топка и со глава реализираше за водство на „наполитанците“. Пет
минути подоцна, стигна одговорот на домаќините. Бонавентура испрати проектил од
16 метри и изедначи на 1-1.

Елиф Елмас беше
стартер и одигра цел меч. Македонецот во 69. минута влезе во бележникот на
судијата поради обид да изнуди пенал. „Дијамантот“ се најде во гол шанса,
Донарума излезе да го затвори аголот, можеби дојде до минимален контакт, но
Елмас театрално падна па Орсато наместо да покаже на белата точка извади жолт
картон. 

Можно е и ова да ти се допаѓа

×