19 годишниот Елиф
Елмас оваа сезона се мачи во дресот на Фенербахче, но блеска со
репрезентацијата ма Македонија. Против Летонија тој два пати се запиша во
листата на стрелци, а вториот гол беше мајсторија која ретко се гледа и која ги
воодушеви и европските медиуми.
Во разговор со
турските медиуми, Елиф Елмас направи споредба помеѓу играњето за Македонија и
Фенербахче и вели дека во дресот на „црвено-жолтите“ игра поофанзивно и затоа
доаѓа до израз и покажува што умее.
„Играм како 10-ка
или по крилната позиција уште од најмалите категории. Во репрезентацијата играм
во форот, додека пак во Фенербахче играм поназад и имам подефанзивна улога. Се
чувствувам покомфорно во дресот на Македонија“ – вели популарниот „дијамант“.
„Се гледам како
10-ка, а не како 6-ка или 8-ца. Јас сум креативец, но ги почитувам одлуките на
тренерот“.