Елмас: Нема пријателски натпревари, секој настап за Македонија е мотив плус!

by 24 фудбал
1 минути читање

Македонската фудбалска федерација ќе се судри со Саудиска Арабија во Прага на пријателски натпревар.

Пред средбата своите очекувања ги сподели Ељиф Елмас. Македонскиот играч за врска кој само што се врати во Наполи, го најави дуелот.

За нас пријателски натпревари не постојат. Овој дуел ќе ни даде многу, затоа што сите ќе видиме до каде сме и какви подготовки имавме. Играме против сериозен ривал, гледавме снимки од Саудиска Арабија и затоа ќе имаме максимален фокус. Овој меч е одлична подготовка и увертира за дуелот со Лихтенштајн. Имав добри подготовки, чувствувам дека сум подготвен. Овие два натпревари ќе ми значат многу, бидејќи по подолго време повторно ќе настапам во меч со голема важност. Саудиска Арабија е тим кој игра со многу посед и знае да ја чува топката, па ќе мора да бидеме максимално сконцентрирани. Ние секогаш излегуваме на терен по победа, свесни за квалитетот кој го имаме. Секој настап за Македонија е мотив плус и верувам дека овој пријателски натпревар ќе биде од голема корист за нас“, изјави Елмас.

Средбата меѓу Македонија и Чешка се игра в четврток во терминот од 17:00 часот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×