„Скај Спорт
Италија“ известува дека Наполи и Џенаро Гатузо се одлучни во намерата да се
разделат на лето, иако пред извесен период се шпекулираше дека првиот човек на
клубот Аурелио Де Лаурентис јасно нагласил дека Гатузо ја има полната поддршка.
Гатузо го
предводеше Наполи до титула во Копа Италија ланската сезона, меѓутоа не успеа
во обидите да го следи Милан на врвот од Серија А сезонава, ако се земе во
предвид дека клубот од Неапол во моментов заостанува девет бода зад „Росонерите“,
но со меч помалку.
И покрај фактот
што ништо не е загубено за Наполи, каде настапува нашиот Елиф Елмас, сепак,
притисокот врз тренерот расте, а самиот Гатузо по победата над Парма јавно
откри дека иако односот со Де Лаурентис е на одлично ниво, сепак постоеле
разочарувања кај него за тоа што се случувало изминатиов период.