Елиф Елмас против Торино одигра уште еден одличен меч, овојпат даде и гол, негов прв оваа сезона, а потоа доби големи пофали од Антонио Конте.
Македонскиот фудбалер е стартер веќе 18 меча по ред, ептен е по мерак на Конте кој не штедеше пофални зборови за Елмас.
Елиф му се заблагодари на Конте за убавите зборови и вели дека ужива да игра под негово водство.
„Многу сум среќен со голот, но пред се со победата која е многу важна за нас во поглед на местата кои водат во Лигата на шампионите“, рече Елмас по мечот.
„Му благодарам на Конте за комплиментите, го следам тренерот во секое тактичко решение и на било која позиција која треба да ја покријам, уживам во играњето на повеќе позиции и пред се сум среќен што можам да му помогнам на тимот“.