405
Репрезентативецот на Македонија Елиф Елмас во овој преоден рок би можел да го промени клубот и да стане соиграч со Столе Димитриевски.
Според последните информации од шпанските медиуми Валенсија е во потрага по засилување во средниот ред и во Елмас гледа идеално освежување за средината на теренот.
Сезонава Елмас за Лајпциг собра само шест настапи, а последен пат настапи на 5 ноември против Селтик во Лигата на шампионите.
Македонскиот репрезентативец беше надвор од терените повеќе од два месеци поради мускулна повреда и во средата за првпат беше со тимот по подолго време.