240
Елмас со гол му помогна на Наполи да ја победи Сампдорија, тоа беше прв погодок на нашиот репрезентативец во Серија А.
Тој стана шестиот македонски фудбалер кој погодил во Серија А, претходно тоа го направиле Дарко Панчев, Горан Пандев, Агим Ибраими, Александар Трајковски и Илија Несторовски.
Ноќта по натпреварот Елмас напиша на својот инстаграм профил: „Многу сум среќен за првиот гол во овој дрес. Се надевам дека секогаш ќе му помагам на тимот. Напред Наполи!“