1,8K
На „Олимпико“ во
Рим, Наполи и Јувентус вчера ги одмерија силите во финалето од Купот на
Италија, а тимот на нашиот Елиф Елмас славеше на пенали и го подигна пехарот.
Македонецот, кој
доби шанса во финишот на мечот и имаше огромна прилика да го матира Буфон во
последните секунди, се огласи на социјалните мрежи за да ја сподели својата
радост од големиот успех.
„Прв трофеј во
кариерата и тоа со специјален тим, ова беше магична ноќ, со надеж дека е само
првиот од долга серија трофеи!“ – гласеше пораката на Елиф Елмас.