Елмас ќе почека на своето деби, од клупата го проследи ремито на Торино против Џенова (ВИДЕО)

by riste
1 минути читање

Торино и Џенова одиграа нерешено 1-1, а македонскиот репрезентативец Елиф Елмас не доби шанса да дебитира на овој меч.

Елмас беше на клупата и таму остана до крајот на натпреварот, на дебито ќе причека веројатно до следниот натпревар.

Торино поведе со автогол на Торсби во судиското продолжение од првото полувреме.

На 1-1 изедначи Пинамонти во 68. минута од натпреварот, тоа беше конечниот резултат на мечот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани