Елмас импресионираше и против Барса, Ракитиќ го реши Наполи (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Елиф Елмас доби
шанса да биде стартер и против Барселона и Македонецот одново импресионираше
на средината од теренот и сосема солидно одигра речиси еден час против гигантот од
Шпанија.

Пријателскиот меч
во Мајами на крајот заврши со победа од 2-1 на „каталонците“ благодарејќи на Иван
Ракитиќ. Во 79. минута од мечот, Хрватот начека една топка на врвот од
шеснаесетникот и итро по земја прецизно биеше крај стативата.

Претходно во првиот дел, Серхио Бускетс исто така со удар од далечина го отвори
резултатот, а Умтити во намерата да го блокира додавањето на Каљехон кон Мертенс си постигна автогол за изедначување.

И Барса и Наполи
имаа неколку 100% шанси, но голманите беа на висината на задачата.


Можно е и ова да ти се допаѓа

×