Македонскиот фудбалер, Елиф Елмас ги одработува подготовките со Лајпциг, но паралелно чека и разврска за неговата иднина, малку е веројатно дека ќе остане во германскиот клуб.
Последните информации велат дека Трабзонспор сака да го врати Елмас во Турција.
Поранешниот клуб на Барди сега е во лов на друг македонски репрезентативец, но нема да биде лесно да дојдат до потписот на Елмас.
Проблем е високото обештетување кое го бара Лајпциг, а кое тешко дека ќе си го дозволи Трабзонспор. Сумата е околу 20 милиони евра.
Елмас во Турција настапуваше во дресот на Фенербахче од каде што отиде во Наполи.
Ова лето Елмас покрај со Трабзон, се поврзуваше со Реал Сосиедад, Торино, Рома… но засега нема ништо конкретно.