Елмас и Наполи би можеле да почнат со тренинзи од сабота

by
2 минути читање

Наполи и нашиот
репрезентативец и член на тој клуб, Елиф Елмас би можеле да се вратат на тренинзите почнувајќи од
сабота, а оваа вест ја потврди првиот човек кој е задолжен за „скенирање“ на состојбата кај сиот фудбалски и не-фудбалски персонал во италијанскиот прволигаш.

Повеќето клубови
од Италија оваа седмица веќе се вратија на тренинзите, или барем ги реализираа
потребните тестови за да се осигураат околу тоа дека нема заболени од
коронавирус во нивните состави.

Почитувајќи го
протоколот, кој е помалку сложен, ние веќе извршивме назофарингеални брисеви

(брис од нос)
, тоа може да биде иритирачко, бидејќи процедурата
не е баш едноставна за луѓето, но овие тестови се најверодостојни, ги поделивме
фудбалерите на три групи за тестирањето
“ вели професорот Винченцо Мироне за „Радио
Пунто Нуово“, а тој во изјавата тврди дека во случајот околу
резервниот голман
Орестис Карнезис не станувало збор за позитивен тест, туку технички проблем, а
Гркот бил одделен од групите токму поради тоа
.

Доколку сите
фудбалери и сиот останат персонал бидат негативни во двата сета на тестови,
тогаш Наполи ќе може да продолжи со тренинзи од сабота, а потоа главниот збор
ќе го имаат владата и министерот за спорт, Винченцо Спадафора, околу тоа кога
ќе може да се реализираат тренинзи во групи или да се започне со натпревари
“ додава тој.

Протоколот го
вели следното, ќе има тестирања секоја седмица, во план е да се почне и со
тестирања на крвта, а тоа од следната седмица, што би ни укажало дали има
развивање на антитела, доколку постои такво нешто
“ заклучи професорот.

Кога сме веќе кај Наполи, нашиот 20 годишен Македонец, Елиф
Елмас сезонава на 16 меча постигна и еден гол, а Наполи до кризата која донесе
суспензија за фудбалските возбудувања беше во солидна форма, моментално со 39
бода е на шестото место на табелата во „Серија А“ на 12 кола до крајот на
актуелната сезона.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×