Селекторот на
најдобрата македонска фудбалска репрезентација, Игор Ангеловски, вчера го
објави списокот на фудбалери за претстојните дуели против Израел на гости и
Албанија на домашен терен идниот месец, во рамките на квалификациите за СП
Русија 2018.
На списокот на
фудбалери се најде и младиот суперталентиран фудбалер на турскиот гигант
Фенербахче, 17 годишниот офанзивец Елиф Елмас.
Елмас веќе има
настап во сениорскиот тим на Македонија, а веста дека е повикан за пресметките
со Израел и Албанија излезе на неколку медиуми во Турција кои на големо пишуваа
на оваа тема за големата надеж на македонскиот фудбал.
Македонија во
рамките на квалификациската група „Г“ најнапред гостува кај Израел (2 септември),
додека пак три дена подоцна на домашен терен на стадионот „Младост“ во Струмица
ја пречекува Албанија.