Овој летен
преоден рок конечно се решија сите дилеми околу иднината на нашиот
репрезентативец Елиф Елмас, кој импресионираше во дресот на Фенербахче, па за
брзо стана интересен за повеќе европски гиганти.
Наполи е клубот
кој дојде до драгоцениот потпис на 19 годишниот фудбалер, а поранешниот соиграч
на Елмас од турскиот гигант, Мехмет Екичи има само пофални зборови за
Македонецот.
„Елмас е фудбалер
кој веќе покажа што знае и умее, тој е огромен талент и веќе пристигна во голем
клуб“ вели фудбалерот од средниот ред на Фенербахче во изјава за „СПОКС“ и специјализираниот фудбалски портал „Гол“ во турската едиција.
„Му верувам
многу, истовремено му посакувам најдобро во иднина во неговата кариера,
истовремено сакам да истакнам дека Наполи не плати многу за Елиф“ заклучи
Турчинот во коментарите за трансферот на Елмас во Наполи вреден 16 милиони
евра.