122
Наполи со 0-2 беше поразен на гостувањето кај Болоња во меч во кој македонскиот репрезентативец, Елиф Елмас играше од првата минута.
Елмас беше стартер на мечот и во игра се задржа до 68. минута кога на негово место влезе Ланг.
Наполи беше подобар во првото полувреме но не успеа да постигне гол, казната стигна во вториот дел од мечот.
Во 50. минута Далинга погоди за водство на Болоња од 1-0, а во 66. минута Лукуми ги постави конечните 2-0.