Елиминацијата на Португалија е добра за нас, Роналдо ќе игра против Јунајтед во Скопје

by
1 минути читање

На 8. август, Скопје ќе биде домаќин на големата пресметка помеѓу Реал Мадрид и Манчестер јунајтед.

Пред неколку недели, Марка објави дека спектаклот на „Филип Втори Арена“ ќе биде осиромашен со неиграњето на Кристијано Роналдо.

Извештајот велеше дека Зинедин Зидан планира на Кристијано Роналдо да му даде еден месец одмор по настапот на Купот на Конфедерациите, па ЦР7 ќе пропушти добар дел од подготовките и ќе треба да почне со тренинзи на само неколку дена пред пресметката со Манчестер јунајтед.

Планот беше направен според претпоставката дека Португалија ќе игра финеле, но ситуацијата се менува по елиминацијата од Чиле во полуфиналето.

Кристијано Роналдо доби дозвола уште вчера да се врати дома, па одморот на ЦР7 започнува пет дена порано од предвиденото.

Се очекува сега играчот да почне да тренира на 1. август, една недела пред дуелот со Манчестер јунајтед во Суперкупот на Европа и да биде подготвен за настап во Скопје.

Секако, еден важен услов за сето ова е Флорентино Перез да ја убеди својата прва ѕвезда да остане во Мадрид.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани