Ељиф Елмас се сели на позајмица во Ла Лига!

by 24 фудбал
1 минути читање

Ељиф Елмас веројатно сезоната ќе ја доигра во нова средина, бидејќи е договорена позајмица од РБ Лајпциг.

Македонскиот репрезентативец се очекува да потпише со шпанска Валенсија и да ѝ помогне во битката за опстанок во Ла Лига. Елмас ќе ја дели соблекувалната со Столе Димитриевски кој е резервен голман на „Местаља“.

Според повеќе германски и шпански медиуми, сè е договорено и Елмас се очекува да отпатува во Валенсија на потпис на договорот до 30 јуни. Засега нема индиции дека би можел да биде откупен, па се работи за сува позајмица.

Оваа сезона Ељиф Елмас во Лајпциг беше во втор план и имаше навистина скромна минутажа од клупата на само неколку натпревари.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани