78
Елиф Елмас веќе
го забележа своето деби во дресот на Фенербахче, го носеше бројот „21“ на
контролката со Калјари во која неговиот тим обезбеди минимална победа од 1-0.
За тоа како помина неговото деби веќе напишавме, тој ги одигра вторите 45 минути на контролниот натпревар, а на социјалните мрежи излезе мошне
интересно видео во кое се гледа моментот кога нашиот 17 годишен фудбалски бисер
излегува на загревање, по што фановите на Фенербахче стануваат на трибините и
го отпоздравуваат со аплауз.