91
17-годишниот Елиф Елмас на голема сцена се промовираше на натпреварот помеѓу Македонија и Шпанија на арената „Филип Втори“. Младиот фудбалер во игра влезе во второто полувреме и импресионираше.
Имаше одлични настапи и на Европското првенство во Полска за фудбалери до 21 година, па го навлече вниманието на големите клубови.
„Tribalfootball“ пишува дека Манчестер Сити, Клуб Бриж и Бенфика се едни од заинтересираните за Елмас.
Македонскиот репрезентативец е пред клучниот избор, треба да замине во клуб каде што ќе ги игра најважните години за неговиот развој од кој ќе зависи по кој пат ќе тргне неговата кариера.