Елези: Оваа Македонија може многу да покаже, сакаме бодови во Полска!

by Стефан
1 минути читање

Фудбалската репрзентација на Македонија до 21 година ја очекува стартот на квалификациите за Европското првенство во 2027 година, а прв противник на избраниците на Горан Станиќ ќе биде Полска.

Натпреварот го играме на гостински терен и фудбалерите денеска отпатуваа за Краков каде што ќе се игра натпреварот. Еден од главните адути на Македонија треба да биде, Дашмир Елези, фудбалерот на Работнички.

„Секако дека сме возбудени поради стартот на квалификациите. Пред нас е цел циклус и имаме што да покажеме. Мотивирани сме максимално. Полска е квалитетен тим, анализиравме и видовме на што треба да се посветиме. Одиме по поволен резултат, сакаме да освоиме бодови таму, а потоа со сите сили кон Италија и дуелот во Битола. Одиме натпревар по натпревар, бод по бод, до успех на оваа генерација,“ изјави Елези.

Натпреварот се игра на 5 сепември во терминот од 18:00 часот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×