Елечињата на Герет Саутгејт се хит во Англија, компанијата која ги произведува трие раце! (ФОТО)

by
1 минути читање

Англија е во транс, по само трет пат во историјата нивната репрезентација е во полуфинале на Светско првенство. На Англичаните не им се даваа големи шанси, но тие вечерва со Хрватска ќе се борат за пласман во големото финале.

Главен виновник за нивниот успех е селекторот Герет Саутгејт кој има уникатен имиџ. Неговото елече се продава како „алва“, а компанијата која го произведува „M&S“ објави дека продала илијадници примероци во изминатите денови.

Тие ќе бидат застапени и на денешниот натпревар против Хрватска, голем дел од фановите на Англија го набавија фамозното елече, некои групи и се сликаа облечени сите во него.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани