70
Напаѓачот на Рома и член на италијанската репрезентација, Стефан Ел Шарави на својот инстаграм профил се пофали со завидна колекција на убаво одбрани дресови.
Петте години поминати во Милан и 21. настап за италијанската репрезентација му овозможиле да размени дресови со големи фудбалски легенди.
24-годишниот фудбалер со слика на социјалните мрежи покажа како ги чува дресовите на своите херои.