88
Како гостин во ТВ емисија, Хавиер Тебас објави дека првиот дуел помеѓу Реал Мадрид и Барселона ќе се игра на 23. декември, сабота со почеток од 13 часот.
Овој меч е дел од 17. коло на Примера и требаше да се игра на 20. декември, но дуелот е преместен поради настапот на Реал Мадрид на Светското клупско првенство во Обединетите Арапски Емирати.
Терминот од 13 часот е нетипичен за голем натпревар како што е дуелот помеѓу Реал Мадрид и Барселона, но фудбалската глобализација го прави своето.