77
Непријатни вести од Германија, експлозија пред автобусот на Борусија Дортмунд пред да пристигне на стадионот.
„Имаше инцидент пред пристигнувањето на нашиот автобус. Една личност е повредена. Фудбалерите се безбедни. Нема опасност на стадионот. Ќе следат дополнителни информации“ – стои во соопштението на Дортмунд.
Германските медиуми пишуваат дека повреденото лице е дефанзивецот Марк Бартра кој веднаш е префрлен во болница.
Се стравува дека се работи за таргетиран напад и натпреварот може да биде одложен