Експерт на УЕФА говореше на тема за „проблематичните суплименти“, го спомена и случајот со Аријан Адеми

by
3 минути читање

Македонскиот
интернационалец,
26 годишниот
Аријан Адеми по пауза од цели две години се врати на професионалниот фудбал,
нашиот фудбалер минатиот месец се врати на тренинзите на хрватски Динамо
Загреб, а клубот организираше одличен пречек за него од соиграчите а воедно и
навивачите кои беа присутни на трибините за тој тренинг.

Адеми својот прв
официјален натпревар ќе може да го игра на почетокот од октомври годинава, а
тој доби четиригодишна суспензија од Европската куќа на фудбалот (УЕФА) поради
допинг, за што нашиот фудбалер упати и жалба против одлуката на оваа фудбалска
институција, која беше одбиена, подоцна од Арбитражниот суд во Лозана согласно
текот на процесот и сослушувањето и согледувањето на комплетните докази од
Судот доби намалување на претходно изречената казна, на две години.

Причината поради
која се случија сите овие негативности за нашиот фудбалер на подолг период беше
тоа што на натпревар од групите во Лига на шампионите (против Арсенал во 2015.
година), беше позитивен на допинг тест, а за тоа Адеми тврдеше дека е невин.

За овие
проблематики говореше експертот при УЕФА за оваа проблематика, Емилио Гарсија,
кој истакна дека клубовите мораат да бидат максимално претпазливи, а воедно и
самите фудбалери, за да се заштитат од огромните казни за ваквите случаи.

Суплиментите се
во моментов огромен проблем
“, рече Емилио Гарсиа, кој моментално ја обавува
функцијата директор за менаџирање на интегритетот на УЕФА
, а воедно и прв човек во однос на
дисциплинските постапки во Европската куќа на фудбалот.

Проблемите за
кои говориме се голема закана кон клубовите, тие мораат да бидат претпазливи,
случаите се навистина комплицирани, премногу од нив се случуваат поради грешка
на фудбалерите, од човечка перспектива тешко е да се соочите со вакви случаи…

додаде Гарсиа.

Македонскиот
фудбалер (Аријан) Адеми играше во натпреварување организирано од страна на УЕФА
и доби двегодишна суспензија. Ова беше помалку или повеќе истиот проблем,
употреба на суплименти, сега ова е голем проблем…
“ вели Гарсиа.

Познато е дека
количеството на станозолол во крвта на Адеми била минимална, според доказите, доволна за
позитивен тест, а Адеми бил позитивен затоа што примерокот од легален
суплемент, кој го земал, бил контаминиран со недозволена супснтанца, но, не по
грешка на фудбалерот, туку на производителот, за што се сведочеше самиот фудбалер, а за што предупредува не претпазливост Гарсиа.

Се соочуваме со
три до пет случаи на годишно ниво во натпреварувањата кои ги организира УЕФА.
Повеќето од овие случаи се поврзуваат со рекреативни лекови
“ додава Гарсиа.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани