293
Селекторот на САД, Маурицио Покетино, порача дека никогаш нема да седне на клупата на Барселона.
Аргентинецот потсети дека како играч и тренер бил дел од Еспањол и затоа не може да работи во ривалскиот клуб.
„Би работел секаде, освен во Барселона. Таму нема шанси да одам“, изјави Покетино.
Најголемиот успех во кариерата го запиша со Тотнем, со кој стигна до финале во Лигата на шампионите. Исто така ги водеше Еспањол, Саутемптон, Челси и ПСЖ пред да седне на американската клупа.
ФОТО: PSG/Twitter