Екс-спортскиот директор на репрезентацијата на Македонија призна вина во скандалот со дрога

by 24 фудбал
1 минути читање

Во кривичниот суд во Скопје дојде ред судењето против организираната група за набавка и продажба на дрога.

Во овој случај вмешан е и поранешниот спортски директор на репрезентацијата на Македонија, Данчо Масев. Тој беше поранешен фудбалер и македонски репрезентативец, а до пред апсењето вршеше јавна функција во ФФМ.

На денешното судење според информациите Масев признал вина на обвинителната клупа за делото за кое е обвинет во скандалот со дрога. Масев во март беше уапсен и ќе биде во притвор додека не се донесе пресудата. Откако призна вина, тој беше раздвоен од целосната постапка и на следното рочиште ќе му биде изречена казната од Судот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×