518
Македонија ја доживеа најголемата трагедија од независноста по пожарот кој ја изгоре дискотеката во Кочани и резултира со барем 59 жртви и преку 150 повредени.
Според информациите, околу 50 лица ќе бидат и веќе се пренесуваат во болници во странство за лекување на тешката своја состојба. Јасно е дека веќе има пренесени Македонци на лекување во Белград, а на таа тема голем гест направи поранешниот македонски репрезентативец Милан Стојаноски.
Панче Ќумбев објави информации и понуда од страна на Стојаноски за фамилиите на повредените кои се лекуваат во Белград. Екс-репрезентативецот се понуди да помогне со сместување и било каква друга помош во српската престолнина.