Англиските медиуми објавија сериозна вест поврзана со поранешен репрезентативец на Англија кој бил уапсен поради сомнение за обид за силување. Инцидентот се случил на аеродромот „Стенстед“, каде што екс-играчот бил приведен од граничната полиција непосредно пред да се качи на лет, пренесува „Сан“.
Името на осомничениот не се открива поради правни ограничувања, но е познато дека станува збор за фудбалер кој во минатата деценија го носел дресот на Гордиот Албион.
„Маж е уапсен поради сомнение за обид за силување и пуштен е под кауција до крајот на февруари 2026 година додека продолжува истрагата“, изјави портпаролот на полицијата во Есекс.
Наводно, граничните служби го запреле на пасошката контрола откако системот покажал дека е бараn во врска со неодамнешна пријава за обид за силување. Истрагата продолжува, а повеќе детали засега не се откриваат.