Екс-играч на Милан откри: Млад соиграч му правеше финти на Гатузо, тој го прекина тренингот!

by 24 фудбал
1 минути читање

Поранешниот фудбалер на Милан, Рома, Аталанта, Ајакс, Урби Емануелсон на гостување во еден холандски подкаст откри интересна анегдота.

Емануелсон се осврна за времето минато во Милан и периодот под Макс Алегри. Тој зборуваше за Џенаро Гатузо и неговото авторитативно однесување кон помладите.

Меѓу Робињо и Гатузо односот беше одличен. Бразилецот знаеше да му протне топка низ нозе, па Гатузо го бркаше по теренот. Младите играчи тоа го гледаа и мислеа дека можат истото да го направат пред него.

Играч од Примавера почна да прави финти пред него, направи „ножички“ и го издрибла. Гатузо веднаш го запре тренингот и сите застанаа. Тој претрча цел терен за да го фати играчот и му кажа: „Мене не смееш да ми правиш такви работи, што мислиш кој си ти?“. Хиерархијата во Милан беше нешто посебно“, раскажа Емануелсон.

Холандскиот поранешен фудбалер се пензионира во 2023 година, а во Милан настапуваше од 2011 до 2013 година.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани