208
Поранешниот фудбалер на Барселона, Карлес Перез заврши во болница во Грција, куче го каснало за гениталиите и заработил шест конци.
Карлес Перез оваа лето се реши за авантура кај нашиот јужен сосед, но почетоците во редовите на Арис од Солун нема да му донесат убави спомени.
Како што пренесуваат медиумите, екс-играчот на Барселона завршил во болница поради бизарни причини – куче го каснало за гениталиите.
Веднаш му била извршена интервенција, биле потребни шест конци за да се санира раната.
Тој не е во сериозна ситуација, но ќе остане во болница под лекарски надзор.