Екс-играч на Рома се потсети на контроверзијата со Мурињо: Осум пати ме нарече предавник во соблекувалната…

by bojan
1 минути читање
Карсдорп

Поранешниот дефанзивец на Рома, Рик Карсдорп вели дека никогаш не добил извинување од Жозе Мурињо за испадот кој го имаше „специјалниот“ по ремито помеѓу Рома и Сасуоло.

Во ноември 2022, по ремито помеѓу Рома и Сасуоло, Жозе Мурињо имаше жестока реакција и крена голема прашина со својата изјава пред новинарите.

„Жал ми е што целиот труд што го вложи тимот падна во вода поради непрофесионалниот однос на еден играч, кој нѐ предаде. Ваков непрофесионален однос, кој не е фер кон соиграчите, ме разочара“ – рече Жозе Мурињо без да го именува Рик Карсдорп, но на сите им беше јасно за кого станува збор.

Холанѓанецот, кој сега е дел од ПСВ, открива дека Жозе Мурињо никогаш не се извинил за ваквиот испад.

„Мурињо никогаш не ми се извини, тој не е таков човек. Приметив дека сака да го поправи односот, но се држев на дистанца“ – вели Карсдорп.

„Во соблекувалната дури осум пати ме нарече предавник. Можам да го поднесам тоа, но никогаш не требаше да каже нешто такво пред новинарите“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани