Екс-голгетерот на Арсенал вечерва сака сензација: Реал испрати понуда, но не постојат пари за кој би заиграл за нив!

by Стефан
1 минути читање

Легендарниот руски фудбалер Андреј Аршавин денеска ќе навива за својот поранешен клуб Каират, кој во второто коло од Лигата на шампионите го пречекува европскиот гигант Реал Мадрид.

Аршавин ја заврши кариерата токму во редовите на казахстанскиот тим, каде играше од 2016 до 2018 година, а сега отворено посакува сензација против „кралскиот клуб“.

„Се надевам дека Каират ќе победи. Секој пораз на Реал ми е мелем на срцето. Не би играл за Реал за ниедни пари на светот, моите пријатели беа изненадени од тоа што тој клуб за мене е табу. Јас долго време сум навивач на Барселона. Додека играв за Зенит, имаше понуда за мене од 15 милиони евра, но клубот одби. Сакав да играм за Барса, но ни играњето за Арсенал не беше лошо“, истакна Аршавин.

Каират веќе направи голема сензација во првото коло, совладувајќи ја Бенфика во Лисабон, а вечерва пред својата публика ќе се обиде да приреди ново чудо против 15-кратниот шампион на Европа.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×