Фудбалерот на Манчестер јунајтед, Касемиро, веќе најави дека летово ќе стави крај на својата епизода на „Олд Трафорд“, а според најновите најави кариерата би можел да ја продолжи во САД и кај Лионел Меси во дресот на Интер Мајами.
Неговиот договор истекува на крајот од сезоната, а клубот од МЛС лигата го гледа како идеална замена за Серхио Бускетс, кој решил да се повлече. Планот е Бразилецот да формира силен тандем во средниот ред со Родриго Де Пол, но најголемо внимание привлекува можноста повторно да се сретне со Меси овојпат како соиграч.
Двајцата во минатото водеа жестоки дуели во „Ел Класико“, како членови на лутите шпански ривали, но сега би можеле да делат иста соблекувална.
Во меѓувреме, сезоната за Интер Мајами не стартуваше најдобро бидејќи беа поразени со 3-0.