Екс-фудбалер на Барселона за првпат откри: Морав да кажам дека Меси е најдобар во светот за да играм

by Стефан
1 минути читање

Кевин-Принс Боатенг кој во кариерата го носеше и дресот на Барселона откри дека да лаже за својата наклонетост кон Кристијано Роналдо за да го обезбеди трансферот во каталонскиот гигант и да стане соиграч на Лионел Меси.

Поранешниот репрезентативец на Гана во 2019 година направи изненадувачки трансфер на „Камп Ноу“, а по пристигнувањето му било јасно кажано дека не смее јавно да го фали Роналдо ниту најголемиот ривал на Барселона, Реал Мадрид.

„Секогаш велев дека сакам да играм за Реал Мадрид. Морав да лажам на претставувањето. Две години порано, додека бев во Лас Палмас, ме прашаа кој ми е омилен играч и за кого навивам, кажав Кристијано Роналдо и Реал Мадрид.

Кога потпишував за Барселона веднаш добив насоки што треба да зборувам: Твојот омилен клуб е Барселона, а најдобар играч на светот е Лионел Меси. Тоа мора да го кажеш, инаку не можеш да играш овде, тоа е невозможно.

На конференцијата за медиуми првото прашање беше кој е најдобар на светот и јас одговорив: Лионел Меси’“, изјави Боатенг.

Сепак, иако останал фан на Роналдо, Боатенг признава дека вештината на Меси која ја видел одблиску, го оставила без зборови.

„Тренингот со Меси ме остави без зборови. Секогаш велев дека Кристијано Роналдо е најдобар на светот, но Меси е нешто друго. Тој не е нормален. Додека тренирав со него, првпат во кариерата се почувствував недораснат. Правеше неверојатни работи. Ми доаѓаше да кажам: ‘Готов сум, престанувам да играм фудбал!’“, изјави Боатенг.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×