Екото го прозва Мбапе: Лавот кој копира, станува мајмун

by
1 минути читање

Килијан Мбапе
неодамна имаше средба со францускиот претседател Емануел Макрон и претседателот
на Либерија, некогашниот легендарен фудбалер, Жорж Веа, во таа средба, ѕвездата
на ПСЖ истакна дека има желба кај него да му помогне на африканскиот фудбал.

На оваа негова
изјава реагираше Асу-Екото, репрезентативецот на Камерун кој жестоко му
одговори на францускиот репрезентативец.

Европските
фудбалери со африканско потекло кои ја имаат Африка во срцето а сакаат да му
помогнат на тамошниот фудбал, тие само зборуваат за тоа, а од друга страна пак,
едвај чекаат да облечат дрес на некоја од европските репрезентации, тоа
навистина ми е смешно
“ напиша Екото на социјалните мрежи.

Лавот кој копира, станува мајмун“ додаде Екото цитирајќи го Виктор Иго.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×