Екеленкамп му даде голчиште на Наполи, Елмас стартер во поразот на шампионот (ВИДЕО)

by 24 фудбал
1 минути читање

Фудбалерите на Наполи не успеаја да го искористат киксот на Милан и претрпеа пораз на гости кај Удинезе (1-0) во рамките на 15. коло на Серија А.

„Партенопеите“ се мачеа против домаќинот од Удине и не беа доволно конкретни за да дојдат до посакуваниот гол. Македонскиот репрезентативец Ељиф Елмас беше стартер и одигра 83 минути во срцето на средниот ред пред да биде заменет за напаѓач во финишот.

Треба да се напомене дека Удинезе имаше два поништени гола, а решавачкиот момент се случи во 73. минута преку Јирген Екеленкамп кој даде еврогол. Дејвис го проигра Холанѓанецот во контра, па тој со ефектен удар со многу ефе погоди во спротивниот агол од гостинскиот гол за 1-0, резултат кој се испостави како конечен. Во завршницата Наполи имаше две колосални шанси преку Хојлунд и Лука, ама изостана реализација.

Со овој резултат Наполи остана на втората позиција со бод помалку од Милан, а Интер има шанса да ги скокне ривалите со евентуална победа над Џенова. Фиорентина продолжи да тоне и претрпе нов пораз, овојпат од Верона (1-2) на својот „Артемио Франки“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×