Ејупи творец на убедливата победа на Осијек против Славен (ВИДЕО)

by
2 минути читање

Македонскиот
напаѓач Музафер Ејупи продолжува со блескавите изданија во Хрватска.

Денеска
постигна два гола во победата на Осијек против Славен Белупо од 3-0 на домашен
терен, во рамките на 33. коло.

Најнапред го
отвори резултатот во 9. минута, за во 57. ги постави конечните 3-0.

Тој можеше да се
прослави 72. минута и да стигне до хет-трик, но не успеа да реализира од белата
точка.

Во таборот на
домаќините цел натпревар одигра и нашиот втор интернационалец во овој тим,
Милован Петровиќ. Кај гостите Мирко Ивановски не беше вокомбинација.

Со овие два гола
нашиот напаѓач стигна до бројката од 14 погодоци сезонава, и е на делба на
првото место заедно со уште тројца фудбалери.

Со оваа победа,
Осијек на три кола до крајот се израмни на табелата со Хајдук од Сплит.

Со по 62 бода, двете
екипи го делат третото место, кое води во квалификациите за Лига Европа.


Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани